Фенербахче пропушти огромна шанса да се израмни со Галатасарај на првото место на табелата во Турција, откако вчера успеа да испушти два бода во ситуација кога се чинеше дека ја осигура победата во судиското продолжение.
Марко Асенсио постигна гол во 95-та минута и истиот го прослави како да донесе победа за својот тим, но поради долгото продолжение, Касимпаша доби шанса да го возврати ударот.
In the Turkish league each team gets its own ballpic.twitter.com/nOQmGnxmb8
— Troll Football (@TrollFootball) February 23, 2026
Гостите не се предадоа и успеаја да создадат шанса преку која израмнија на 1:1 во 101-та минута, удар од кој дефинитивно не можеа да се опорават домаќините во преостанатите четири минути од продолжението.
Конечните 1:1 се најдобра вест за лутиот ривал од Истанбул, но овој меч ќе се памети и по една бизарна ситуација, која изнасмеа голем дел од фановите на турскиот фудбал.
Во еден момент, секој тим играше со „своја“ топка на теренот, па конфузијата беше прекината со судиски свиреж и сопирање на играта.








