[ВИДЕО] Два нови гола за офанзивецот: Етеми „лета“ во Турција

Дерби

24/02/2026

07:35

358

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалер, Валон Етеми продолжува со импресивните изданија во дресот на Сиваспор каде овојпат беше клучен играч во славјето над Сакарјаспор од 4-1.

Офанзивецот беше стрелец на два погодоци во 6 и 20 минута или поточно на последните три средби во втората турска лига има учинок од 3 гола и 2 асистенции, односно прави разлика и е најдобриот играч на оваа екипа.

Валон имаше добри настапи во месец декември (три дола), потоа во јануари имаше мал пад според учинокот со само еден погодок за да сега вистински експлодира и останува да видиме дали со овие изданија ќе се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за баражот со Данска за СП.

Сиваспор со 35 бода се наоѓа на 14 место на табелата.