Развиен медицински тампон што би можел да ги открие раните знаци на рак на јајниците

Точка

21/02/2026

18:23

218

Големина на фонт

а а а

Научници во Велика Британија развија медицински тампон што би можел да ги открие најраните знаци на рак на јајниците преку анализа на биолошки сигнали во вагиналната течност, соопштија истражувачите.

Студијата под наслов „Вајолет“ опфаќа околу 250 жени, меѓу кои пациентки на кои веќе им се отстранети јајниците поради дијагностициран рак, како и жени со мутација на генот БРЦА кои се одлучуваат за превентивна операција, пренесе „Скај Њуз“.


Според податоците на „Кансер Рисрч УК“, лицата со БРЦА мутација имаат зголемен ризик од развој на повеќе видови рак, вклучително и рак на јајници, дојка, панкреас и простата.

Главната истражувачка на студијата, Џема Лонгли, истакнала дека во моментов не постои програма за скрининг на рак на јајниците и дека превентивните операции можат да предизвикаат хируршка менопауза кај помладите жени.


Гинеколошкиот онколошки хирург-консултант Дејвид Констејбл-Фелпс оценил дека успешен тампон би претставувал „целосна пресвртница за жените со рак на јајници“, бидејќи овој вид рак често има неспецифични симптоми и „тивко“ се шири во раните фази.

Тампонот го развила биотехнолошката компанија „Деј“, а истражувачите планираат пошироко испитување доколку прелиминарните резултати покажат ефикасност, пренесе Танјуг.