[ВИДЕО] Мишел Фајфер и Никол Кидман се ѕвездите на новата хит-серија: Погледнете го тизерот

Точка

20/02/2026

13:05

725

Големина на фонт

а а а

„ЕПЛ ТВ+“ (APPLE TV+) објави тизер за својата нова серија „Марго има проблеми со парите“, (Margo’s Got Money Troubles), која собра импресивна актерска екипа предводена од Ел Фенинг, Мишел Фајфер, Никол Кидман и Ник Оферман.

Серијата, базирана на истоимениот роман и продуцирана од познатиот Дејвид Е. Кели, ќе пристигне на платформата на 15 април.

За што се работи во серијата

Опишана е како смела, трогателна и хумористична семејна драма. Ја следи Марго (Ел Фенинг), млада жена која го напуштила факултетот и сè уште сонува да стане писателка.


Нејзината мајка (Мишел Фајфер) работела како келнерка во „Хутерс“, додека нејзиниот татко (Ник Оферман) е поранешен професионален борач. Марго се обидува да се снајде во својата нова улога како мајка, додека се справува и со куп неплатени сметки за кои е сè потешко наоѓа решение.


Ѕвезди пред и зад камерата

Ел Фенинг, Мишел Фајфер и Никол Кидман исто така ја потпишуваат извршната продукција. Со нив глумат добитникот на Еми, Ник Оферман и Тадеа Греам, а актерската екипа ја заокружуваат добитничката на Оскар, Марша Геј Харден, Грег Кинир (добитникот на Еми и номиниран за Оскар) Мајкл Ангарано, Рико Насти и Линдзи Нормингтон.

Креаторот на серијата, повеќекратниот добитникот на Еми наградите, Дејвид Е. Кели, воедно е и шоуранер, сценарист и извршен продуцент. Серијата е продуцирана од студиото „А24“ и е базирана на бестселерот од авторката Руфи Торп, која е и извршна продуцентка.


Пилот-епизодата ја режирала добитничката на БАФТА и Еми награди, Дирбла Волш, а режијата ја потпишуваат и Кејт Херон и Алис Сибрајт.



Датум на премиера и датум на објавување

Оригиналната серија од осум епизоди на „Епл“ премиерно ќе се прикаже на 15 април 2026 година. Три епизоди ќе бидат достапни првиот ден, а новите епизоди ќе пристигнуваат секоја среда до 20 мај.