Семејството на Вирџинија Џуфре го поздрави апсењето на Ендрју

Макфакс

19/02/2026

20:42

306

Големина на фонт

а а а

Братот и снаата на Вирџинија Џуфре изјавија дека „славеле“ по веста за апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор.

Џуфре, која почина минатата година, беше една од најпознатите тужителки во аферата со Џефри Епстин и го обвинуваше Маунтбатен-Виндзор за сексуален напад. Тој сега е уапсен под сомнение за злоупотреба на положба и овластувања, пренесува „Би-Би-Си“.

Аманда Робертс, сопруга на братот на Џуфре, Скај Робертс, изјави за „Би-Би-Си“ дека семејството се надева оти апсењето може да претставува пресвртница.

„Се надеваме дека оваа истрага сега ќе поттикне и отворање понатамошна истрага за обвинувањата за сексуален напад. И тоа е веќе победа“, порача таа.

Вирџинија Џуфре тврдеше дека Маунтбатен-Виндзор сексуално ја нападнал трипати додека била тинејџерка. Тој постојано ги отфрлаше тие наводи. Случајот во 2022 година беше завршен со вонсудска нагодба, која не вклучуваше признание на одговорност ниту извинување