СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори

Макфакс

18/02/2026

20:38

185

Големина на фонт

а а а

Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.

Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.

„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.

Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.

Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.

Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница