Тажна глетка: Огромен кит се насука во шпанска марина! Труп тежок 6,5 тони извлечен со кран

Точка

18/02/2026

19:53

480

Големина на фонт

а а а

Операцијата привлече големо внимание од минувачите и туристите кои се затекнаа на местото и со неверување ја следеа несекојдневната глетка …

Огромен труп од кит се насука во популарна шпанска марина, а шокирани туристи ја следеа сложената операција за отстранување на пловечкиот труп тежок шест и пол тони. Мртвото животно, долго околу девет метри, било забележано на влезот во Реал Клуб Наутико де Валенсија во понеделник околу пладне. Утврдено е дека станува збор за женка кит перајар (balaenoptera physalus), вториот најголем кит во светот, веднаш по синиот кит.

Животното најпрво било извлечено со бродови до работ на водата, каде што огромен кран бил искористен за да го подигне масивниот цицач на суво. Операцијата привлече големо внимание од минувачите и туристите кои се затекнаа на местото и со неверување ја следеа несекојдневната глетка.


Откако трупот беше извлечен на брегот во Валенсија, ветеринари го прегледаа. Не биле пронајдени модринки ниту крварења што би укажувале на судир со пловило, што е најчеста причина за смрт кај овој вид. Земени се примероци и испратени на понатамошна анализа во одделот за хистопатологија на Универзитетот „CEU San Pablo“, како и на Универзитетот „Complutense“ во Мадрид.

Остатокот од китот бил натоварен на камион и пренесен во постројка за согорување. Китови перајари се среќаваат во сите поголеми светски океани, од поларни до тропски води. И покрај нивната распространетост, Меѓународната унија за заштита на природата ги класифицира како „ранлив“ вид поради долгорочното влијание од комерцијалниот лов на китови и бавното обновување на популацијата. Најголемиот кит перајар некогаш забележан бил долг речиси 27 метри.


Од „Oceanogràfic València“ ова откритие го опишаа како „впечатлив потсетник на богатата биолошка разновидност што се наоѓа во нашето море“.

„Иако китовите перајари редовно се присутни во Средоземното Море, откривањето на мртов примерок ја нагласува потребата од продолжување на истражувањата и преземање мерки за заштита на морските екосистеми. Причината за смртта останува непозната, а обдукцијата ќе биде клучна за утврдување што се случило и ќе помогне во зајакнување на напорите за зачувување на видот.“

Un rorcual común de nueve metros, uno de los grandes cetáceos del Mediterráneo, ha sido encontrado sin vida en la bocana...

Posted by Oceanogràfic València on Monday 16 February 2026