Новак Ѓоковиќ во досиејата на Епстин: Шифрирана порака, непозната личност и еден детаљ што ќе остане вечна мистерија

Точка

18/02/2026

17:50

1.481

Големина на фонт

а а а

Досиејата на Џефри Епстин, кои станаа достапни за јавноста по објавувањето од страна на американското Министерство за правда, се централна тема во сите светски медиуми.

Осудуваниот сексуален престапник Џефри Епстин во една прилика реагирал и на веста за веридбата на Новак Ѓоковиќ и неговата сегашна сопруга Јелена, па испратил шифрирана порака до непозната личност, а причината поради која го сторил тоа ќе остане вечна мистерија.

Името на Новак Ѓоковиќ никој не го очекуваше во овие досиеја, а Србинот се нашол таму откако Епстин го напишал зборот „yikes“ на непозната личност по веридбата на најдобриот тенисер во историјата.

Зборот „yikes“ на англиски јазик претставува извик што симболизира изненадување или непријатност. Најчесто се користи кога лицето реагира на нешто неочекувано, непријатно или шокантно, но не мора нужно да биде во негативна смисла.


Во самите документи лицето со кое комуницирал Епстин не е откриено, а не е објаснето ни зошто тој реагирал на веста.

Веста на која реагирал Џефри Епстин била објавена на еден американски портал, а ние ви ја пренесуваме во целост содржината што стоела во неа.

„Српските медиуми наведуваат дека светскиот број 1 во тенис Новак Ѓоковиќ ја запросил својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ за време на викендот во Монте Карло.

Ѓоковиќ и Ристиќ се заедно осум години. Таа беше постојано присутна во неговата ложа за време на подемот на Ѓоковиќ од талентиран, но незрел млад човек до врвот на светскиот тенис. Позната е по многу емотивното навивање додека ги следи неговите натпревари, што е целосна спротивност на воздржаноста на Мирка Федерер или смиреноста на партнерката на Енди Мареј, Ким Сирс.


Националните медиуми и претходно прерано ја објавуваа веста за веридбата на Ѓоковиќ и Ристиќ, тие се како Вилијам и Кејт во Србија, но било посочено дека авторот на еден од текстовите, Небојша Мандрапа, е дел од PR тимот на Ѓоковиќ. (Наводот во друга публикација дека Енди Мареј бил разгледуван како кум веројатно е претерување).

Парот планира венчавка во текот на 2014 година, според наводите на медиумите.

Дополнување: Ѓоковиќ ја потврди веридбата на својата Фејсбук страница“, стоело во текстот.

Да потсетиме, Американското Министерство за правда објави милиони документи од случајот Џефри Епстин, осуден сексуален престапник чие име со години го симболизира најмрачниот дел од светот на моќта, парите и влијанието. Во нив се споменуваат и имиња на современи политички фигури, како и личности од шоу-бизнисот