Тивок херој од Холивуд: Ѕвездата на серијата „The Big Bang Theory“ анонимно плаќа туѓи трошоци за лекување

Точка

18/02/2026

10:58

752

Големина на фонт

а а а

Актерот Кунал Најар, најпознат по улогата на Раџеш Кутерпали во серијата „The Big Bang Theory“, го привлече вниманието на јавноста со откривајќи го својот несекојдневен начин на трошење пари.

Во неодамнешно интервју раскажал како тој и неговата сопруга Неха Капур го користат своето богатство за да им помогнат на другите, вклучувајќи и анонимно плаќање на трошоци за лекување на непознати семејства, пишува „Entertainment Weekly“.

Анонимна помош на непознати лица

Неговата изјава околу тоа што сака да прави со своите пари набргу се прошири на социјалните мрежи. Најар објаснил како финансискиот успех му овозможил да им помага на другите, што го смета за најголем дар.

„Парите ми овозможија поголема слобода, а најголемиот дар е можноста да возвратам, да ги менувам човечките животи“, рекол Најар. „Ги поддржуваме и добротворните организации за животни бидејќи сакаме кучиња. Но она што навистина сакам да го правам е да одам на GoFundMe навечер и едноставно да плаќам трошоци за лекување на непознати семејства. Јас сум како маскиран одмаздник! Значи, не, не ги гледам парите како товар. Ги гледам како благослов од универзумот“, објаснил тој.


Исто така Најар и неговата сопруга дискретно ги финансираат школарините за студенти од сиромашни семејства.

Богатство и лична одговорност

Благодарение на улогата на астрофизичарот Раџеш Кутерпали во серијата „The Big Bang Theory“, богатството на Најар се проценува на 45 милиони долари. На врвот на популарноста на серијата, актерската екипа наводно заработувала неверојатни 1 милиони долари од епизода.

Иако сите немаат финансиски можности како тој, Најар смета дека секој може да придонесе помагајќи им на луѓето околу себе.


„Денес луѓето се несреќни затоа што сите очекуваме некој друг да биде љубезен. Очекуваме претседател, политичар или некој лидер да дојде и да нѝ донесе светски мир. Но, нема светски мир ако вашиот сосед дојде на вашата врата барајќи шеќер за чај, а вие ја треснете вратата и велите: „Заминувај“, рекол актерот. „Никој нема да дојде и да го промени светот за вас. Мора сами да го направите тоа“, истакнал тој.

Кариера по популарната серија

Најар го толкувал Раџеш во сите 12 сезони на серијата „The Big Bang Theory“, која заврши во 2019 година, и е специфична по тоа што ниту еден од главните актери не замина до самиот крај.


Серијата, исто така, создаде два спинофи: „Младиот Шелдон“, за детството на ликот Шелдон Купер, и неодамнешниот „Првиот брак на Џорџи и Менди“, кој ги следи постариот брат на Шелдон и неговата сопруга.


Откако заврши со снимањето на серијата, Најар повторно соработувал со колешката Мелиса Раух во серијата „Night Court“, а глумел и во филмовите „Christmas Karma“, „How to Date Billy Walsh“ и „Spaceman“.