Во Женева заврши првиот дел од преговорите помеѓу САД, Украина и Русија

Макфакс

17/02/2026

19:53

260

Големина на фонт

а а а

Трилатералните мировни преговори меѓу САД, Русија и Украина во Женева завршија по речиси пет часа, објавија руските медиуми.

Руската делегација ја предводеше Владимир Медински, а Украина ја претставуваа претседателот на Советот за безбедност Рустем Умеров и началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Кирил Буданов.

Во дискусиите учествуваа и американскиот специјален претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Иако деталите од разговорите сè уште не се откриени, ТАСС објави дека се разговарало за потенцијални компромиси. Во исто време, се очекува контактите да продолжат утре