[ВИДЕО] Хорор сцена во Италија: Странец се обидел да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречиле

Точка

17/02/2026

20:42

691

Големина на фонт

а а а

Сериозен инцидент го потресе градот Бергамо во Италија кога маж се обидел да киднапира 18-месечно дете во супермаркет.

Инцидентот се случил во супермаркетот „Esselunga“. Според извештајот на полицијата, до обидот за киднапирање дошло во моментот кога таткото ја туркал количката за пазарење кон излезот, додека мајката го држела детето за рака.

Одеднаш, маж на околу триесет години втрчал низ стаклената врата, брзо ѝ се приближил и го грабнал девојчето од рацете на мајката, обидувајќи се да избега со него.

Целата сцена траела околу 20 секунди, но моментите биле драматични. Реакцијата на родителите и неколкумина присутни купувачи овозможила напаѓачот да биде совладан.

Таткото и неколку сведоци скокнале врз него, успевајќи да го блокираат и да му го одземат детето од рацете пред да може да ја напушти продавницата. Девојчето се здобило со скршеница на бутната коска.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го уапсила мажот. Според италијанските власти, станува збор за странски државјанин во тешка психичка состојба.

Мажот бил однесен во болница на психијатриски преглед под надзор, додека се соочува со обвинение за обид за киднапирање.