Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од идејата да се измами смртта, и додека ги истражувавме небесата, науката и секој агол на Земјата, тајната на бесмртноста можеби лебдела во океанот цело време. Во форма на медуза.
„Turritopsis dohrnii“ е мала, речиси невидлива медуза, но со луда способност поради која ја викаат „бесмртна медуза“.
Тоа е уникатен животински вид способен да ја измами смртта со враќање на својот животен циклус од зрела, пливачка медуза назад во млада, колонијална фаза на полип.
Преку процес наречен трансдиференцијација, медузата може да ги промени своите специјализирани клетки, да ги „репрограмира“ да станат други видови клетки со други функции, што ѝ овозможува да се подмлади наместо да умре, според студија објавена во научното списание PNAS (Proceedings of the National Academy of Sciences).
A species of jellyfish known as Turritopsis dohrnii is biologically immortal because it can revert its cells to their earliest physical state and begin its life cycle over again when faced with injury or starvation. pic.twitter.com/MOEQsUy9BO
— Godly Machines 🏗️ (@godmachinery) January 30, 2026
Не умира, туку тоне на дното на океанот и се трансформира!
Имено, кога е загрозена, изгладната, повредена, стара - наместо да умре, оваа медуза прави нешто неверојатно: Тоне на дното на океанот, се трансформира во топка слична на циста и ги реорганизира своите клетки назад во колонија од полипи. Потоа повторно расте во возрасна медуза.
Во превод: како човек на 80 години да се ресетира во бебе и повторно да порасне.
Јасно е како оваа единствена способност ја направила „Turritopsis dohrnii“ предмет на интензивни научни истражувања за стареењето и регенерацијата на клетките.
Само 4,5 милиметри во големина
Научниците го проучуваат затоа што покажува не само како клетките можат да се регенерираат, туку и помага во истражувањата за стареењето, матичните клетки и ракот, и го поставува прашањето дали делумното „ресетирање“ на клетките еден ден би можело да се примени кај луѓето...
По потекло од Медитеранот, овој мал организам (околу 4,5 мм) се проширил во тропските и умерените води низ целиот свет преку баластната вода на бродовите.
Секако, иако теоретски може да го повторува циклусот на „подмладување“ на неодредено време за да избегне умирање од старост, сепак може да биде убиено од предатори или болести, забележува Британскиот природонаучен музеј.








