[ФОТО] Најфаталната русокоса на ЗОИ: Не мора да се соблече за сите да гледаат во неа

Точка

07/02/2026

10:22

2.196

Големина на фонт

а а а

На отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина говореше и Шарлиз Терон, како амбасадорка на Обединетите нации.

Славната Шарлиз Терон ги имаше своите пет минути на големата церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Токму како што ѝ прилега на Италија, модните изданија на сите присутни беа впечатливи и оригинални.

Како амбасадорка на Обединетите нации, пред присутните се обрати и Шарлиз Терон и притоа го цитираше Нелсон Мандела.


„Мирот не е само отсуство на конфликт. Мирот е создавање средина во која сите можат да напредуваат, без оглед на раса, боја на кожа, уверувања, религија, пол, класа, каста или какви било други општествени разлики“, рече Шарлиз, а нејзината порака одекна низ целиот свет.

Покрај силната порака, атрактивната актерка покажа и смело модно издание, како и впечатлив изглед.


За оваа пригода избра долг црн фустан со долги ракави, со два специфични отвори во пределот на градите кои формираа форма на срце. Стајлингот го заокружи со обетки и прстени украсени со впечатливи скапоцени камења и елегантни сандали со тенки ремчиња.

Шарлиз Терон и понатаму е ненадминлива иако веќе влезе во шестата деценија од животот, а со ова појавување уште еднаш покажа дека конкуренцијата сè уште не ѝ е блиску, како и дека елеганцијата може да биде посилна од провокативноста.