Оптичката илузија која ги излуде луѓето, прегледана повеќе од 22 милиони пати: Дали гледате трето лице на оваа фотографија?

Точка

06/02/2026

23:20

1.445

Големина на фонт

а а а

Вирална оптичка илузија која го крие морничавото лице на жена се појави на социјалната мрежа Икс, а многу луѓе долго време се мачат да ја пронајдат.

Оптичката илузија, која е прегледана дури 22 милиони пати, прикажува две девојчиња, една со руса и една со кафена коса, како седат една до друга, а лицето на русокосата девојка е свртено кон пријателката.

Сепак, лицето на морничавата жена се крие во телото на девојка со руса коса. Можете ли да го видите?


Добар дел од корисници на платформата Икс не успеаа да го најдат лицето на жената додека за некои тоа беше лесна задача.

„Како треба да изгледа лицето? Што пропуштам?“, „Ништо не гледам“… се дел од коментарите.

Оние кои успеаја ја видоа фигурата на застрашувачка жена со бледо бело лице и темни очи кои блескаат од левата страна на сликата. Се крие во косата и телото на русокосата девојка и, да, полесно е да се забележи кога знаете каде да погледнете, иако тоа не ја прави помалку морничава.