[ФОТО] Експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице

Макфакс

06/02/2026

13:20

212

Големина на фонт

а а а

Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.

„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид, интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.

Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во...

Posted by ТППЕ Охрид - Пожарна on Friday, February 6, 2026