Брутален напад врз Ѓоковиќ: „Едвај го завршил основното училиште, а од средното бил исфрлен. Па што би сакал, да води држава?“

Точка

03/02/2026

20:00

805

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно станал мета на жестоки напади во својата татковина.

Не поради резултатите, туку поради активизмот на Ѓоковиќ против режимот на Александар Вучиќ во Србија и поддршката за студентите.

„Порака за нашите луѓе во Србија: правдата и вистината секогаш победуваат. Нека истраат“ рекол Ѓоковиќ по поразот од Карлос Алкараз во финалето на Австралија Опен.


Набрзо потоа следувала реакција од поранешната српска политичарка Зорана Михајловиќ, која го нападнала тенисерот со зборови што јавноста ги протолкувала како навредливи и скандалозни. Во објавата таа го довела во прашање неговото образование, го навредила на лична основа и дури го обвинила дека преку јавните настапи наводно цели кон политичка кариера.


„Премизерно. Колку и да е врвен спортист, пораката ја испраќа човек кој едвај завршил основно училиште, а од средно бил исфрлен. Па што би сакал, да води држава? Да ги користи сопствените деца во политичка кампања“, напишала Михајловиќ на социјалните мрежи.

„Порака за кои точно луѓе – за оние во државата каде што не плаќаш данок, а тоа не е Србија! Или за овие што ги користиш во Србија за да станеш политичар?“, истакнала Михајловиќ во својата Инстаграм приказна.


Секако, јавноста не реагираше позитивно на објавата на Михајловиќ. На социјалните мрежи се кренал вистински бунт, а бројни корисници не можат да поверуваат и се огорчени поради нападот врз спортистот кој на Србија ѝ донел глобален углед. Многумина сметаат и дека токму преку неговиот грб Зорана Михајловиќ се обидела да привлече внимание.


Михајловиќ престанала да се занимава со политика во 2023 година, а со години дејствувала во рамките на Српска напредна партија (партијата на Александар Вучиќ) и била потпретседателка на Владата на Србија. Ако ништо друго, нејзиниот најнов јавен истап предизвикал дополнителна поларизација во и онака веќе поделената Србија.