[ФОТО] Европски град каде ќе се чувствувате како локалец, а не турист: Ова е најавтентичниот град на континентот

Точка

02/02/2026

17:44

1.136

Големина на фонт

а а а

Патниците денес сè поретко сакаат класични туристички искуства. Наместо тоа, бараат места каде што можат да го почувствуваат локалниот живот, храната и атмосферата, далеку од прескапите ресторани и „разгледници“ наменети за туристи.

Пример во пракса: тешко дека ќе ја изедете најдобрата пица во животот во ресторан со поглед кон Колосеумот.

Затоа компанијата „InsureandGo“ малку „заплови во бројките“ за да открие кои европски градови на патниците им нудат најавтентични и најдлабоки искуства. Нивниот тим анализирал дури 1,3 милиони рецензии на „Google Maps“, барајќи коментари во кои се спомнуваат зборови како „локално“ и „автентично“, но и места за кои речиси и да нема забелешки дека се премногу туристички.


Врз основа на тие податоци, на градовите им бил доделен вкупен „индекс на автентичност“, а на самиот врв на листата се најде францускиот Марсеј со 51,5 поени од можни 100.


Како што наведува „InsureandGo“, недостатокот на претенциозност во Марсеј највидлив е во неговите „работнички пристанишни квартови, кои изгледаат како во нив навистина да се живее, а не како да се внимателно осмислени за туристи“.


Градот е раздвижен центар на уметници и креативци, но и важно индустриско упориште на југот на Франција што му дава сосема посебен „шмек“.


Особено се издвојува „Notre-Dame-du-Mont“, кварт оддалечен од туристичките гужви. Таму посетителите можат навистина да го почувствуваат секојдневниот живот на градот, а не да бидат само минливи туристи.


Второто место го зазеде Варшава. Главниот град на Полска за влакно го пропушти првото место со резултат од 50,6, а пофалби доби поради „спојот на современата култура, настаната преку обновата по Втора светска војна, и свесното зачувување на традицијата“.

Третото место му припадна на Тбилиси, главниот град на Грузија, кој воедно се најде и на листата дестинации со најголем раст за 2026 година, според изборот на „Tripadvisor Travellers‘ Choice Awards“.

Најавтентични градови во Европа

Според истражувањето на „InsureandGo“, ова се најавтентичните европски градови:

Марсеј, Франција

Варшава, Полска

Тбилиси, Грузија

Порто, Португалија

Лион, Франција

Вилнус, Литванија

Гдањск, Полска

Неапол, Италија

Франкфурт, Германија

Бледско езеро, Словенија