Милан се вмешал во борбата за напаѓач кој преговараше со Јувентус

Дерби

30/01/2026

13:53

281

Големина на фонт

а а а

Макс Алегри потврди дека е задоволен што клубот го ангажирал Никлас Филкруг уште на почетокот на преодниот рок, но очигледно смета дека на Милан му е потребен уште еден квалитетен напаѓач.

„Росонерите“ се уште се во битка за скудетото и ќе влезат со сериозни амбиции во завршниот дел од сезоната, а раководството сега се инволвирало во трката за потписот на Жан-Филип Матета.

Французинот претходно беше прв фаворит на Јувентус, но италијанскиот клуб не успеа да постигне договор со Кристал Палас, а во меѓувреме за неговиот потпис преговараше и Нотингем Форест.

Сега, Милан се обидува од позадина, со брза реакција да ги убеди Матета и Палас да учествуваат во реализацијата на идејата, според која искусниот напаѓач ќе се пресели во Италија.

Последните денови од преодниот рок ќе треба да донесат решение за иднината на Матета, бидејќи и Палас посакува да профитира од неговиот трансфер во јануари, со оглед на фактот што фудбалерот има договор до јуни 2027 година.