Реал повторно на соочување со Мурињо и Бенфика, европскиот шампион ПСЖ доби француски ривал

Дерби

30/01/2026

13:46

389

Големина на фонт

а а а

Европскиот шампион ПСЖ ќе игра против Монако во плејофот на Лигата на шампионите, каде Реал Мадрид доби незгоден противник во Бенфика на Жозе Мурињо.

Португалците се најдоа во оваа фаза по драматичната завршница на дуелот со Реал пред два дена, а сега ќе играат плејоф двомеч со најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

Њукасл ќе треба да патува во Азербејџан, Јувентус има незгоден дуел со Галатасарај, додека Интер може да биде задоволен со Бодо како ривал во плејофот.

Борусија Д-Аталанта

Олимпијакос-Баер Леверкузен

Галатасарај-Јувентус

Бриж-Атлетико Мадрид

Монако-ПСЖ

Карабах-Њукасл

Бенфика-Реал Мадрид

Бодо-Интер

Натпреварите ќе се играат на 17/18, односно 24/25 февруари.