Вујовиќ шокиран од третманот на ЕХФ кон Хрватите: Фотографијата ме остави без зборови

Дерби

30/01/2026

12:26

375

Големина на фонт

а а а

Денеска на програмата на Европското ракометно првенство се полуфиналните натпревари, но целата еуфорија за неизвесните дуели остана во сенка на вчерашната вонредна прес-конференција на хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон.

Исландскиот стручњак не можел да пројде преку третманот кој го добиваат тој и неговите ракометари на овој турнир, па распали со тешки зборови на сметка на ЕХФ и предизвика големо внимание во ракометната и спортската јавност.

Легендарниот Веселин Вујовиќ е еден од оние кои веднаш застанаа зад Сигурдсон, јавно упатувајќи му поддршка за храброто излагање пред медиумите, не криејќи го шокот од фотографијата на која се гледа како хрватските репрезентативци спијат на подот на автобусот со кој се реализирал нивниот трансфер од Шведска во Данска.

– Неверојатно. Читам, ја гледам таа фотографија и останав без зборови. Шокиран сум. Навистина го допреа дното со ова. Би рекол нешто навистина грдо, но би било подобро да молчам бидејќи ќе бидам казнет затоа што сум искрен. Овие луѓе во ЕХФ не се грижат за никого освен за себе и за својот профит. Пофалби за Дагур, капа долу, мајсторе. Конечно некој покажува став и кичма, импресиониран сум.

– Очигледно е дека ЕХФ не се грижи за играчите, нивната удобност и здравје. Изгледа како Европското првенство да се игра поради луѓето од ЕХФ и службените лица кои често имаат огромно влијание врз она што се случува на теренот.

– Ја видовте фотографијата. Момците кои одиграа два брутално тешки натпревари за 24 часа спијат на подот додека се возат од Малме до Силкеборг. И потоа тука е фактот дека Исланд, Данска и Германија се наоѓаат во Хернинг, каде што се играат завршните натпревари, додека само Хрватска е издвоена. Неверојатно. Хрватска е двократен олимписки шампион, светски шампион, трикратен светски вицешампион и освојувач на бројни медали на ЕП. Како е можно таква ракометна сила да се третира на толку понижувачки начин?“

– Ова се валкани игри надвор од теренот. Хрватските играчи мора да останат смирени и да го претворат сето ова во дополнителен мотив против Германија. На крајот на краиштата, ако тие Германци можеа да бидат поразени од Србите на тој начин, тогаш знаеме што е можно, – рекол Вујовиќ.