Вуко Борозан повторно ќе игра во македонската ракометна Супер лига, но овојпат ќе го носи дресот на ГРК Охрид.
Амбициозното раководство на охридскиот клуб се договорило за соработка со црногорскиот бомбардер до крајот на сезоната, па Борозан ќе му биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ, во продолжението од сезоната.
Борозан неодамна се раздели со лидерот Вардар, во ситуација кога двете страни се решиле дека е најдобро да биде завршена соработката.
Трансферот на Младен Крсманчиќ од Охрид во Војводина беше и индиректна најава дека македонскиот клуб ќе бара засилување на бековските позиции, па постигнат е договор со искусниот лев бек, кој беше дел од црногорската репрезентација на актуелното Европско првенство.
Охрид го очекува вториот дел од сезоната од третото место на суперлигашката табела, а ќе ги продолжи настапите и во Европа.






