Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците

Макфакс

29/01/2026

14:47

744

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во врска со проблемите на македонските превозници.

„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме“, објави Николоски.

Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се...

Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, January 29, 2026

После протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисел, додава тој, ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.

Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!