[ВИДЕО] Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Макфакс

28/01/2026

07:21

666

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.

Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.

„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.

Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.

Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

🏞️ Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик!

🫡 Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски,...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Tuesday 27 January 2026