Kинескиот претседател: Кина и Европа се партнери, а не соперници

Макфакс

27/01/2026

17:17

139

Големина на фонт

а а а

Кина и Европа се партнери, а не соперници, изјави кинескиот претседател Ши Џинпинг на денешната средба со финскиот премиер Петер Орпо во Пекинг, објави Синхуа.

Ши ја изрази подготвеноста на Кина да соработува со Финска за цврсто да го поддржи системот со Обединетите нации во центарот, врз основа на меѓународното право, за заедничко справување со глобалните предизвици.

Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат праведен и уреден мултиполарен свет, како и универзално корисна и инклузивна економска глобализација.

Ши ја повика Финска да игра конструктивна улога во промовирањето на здрав и стабилен развој на односите меѓу Кина и Европската Унија и предложи длабинска соработка во области како што се енергетската транзиција, циркуларната економија, земјоделството, шумарството и научните и технолошките иновации.

Кинескиот претседател ги поздрави финските компании, повикувајќи ги да „пливаат во огромниот океан на кинескиот пазар“ со цел да ја зајакнат својата глобална конкурентност.

На состанокот беа разгледани и теми како што се безбедноста на Арктикот, инцидентот со подморските кабли и поддршката на Северна Кореја за руската инвазија на Украина, во контекст на претходните разговори меѓу Ши и финскиот претседател Александар Стаб во 2024 година.