[ВИДЕО] Сцени како од филм: Слон нападнал туристи на сафари, семејството безнадежно бега

Точка

27/01/2026

12:48

865

Големина на фонт

а а а

Додека слонот го распарчувал возилото, двајца членови на семејството избегале во паника од другата страна на комбето, плашејќи се за своите животи. За среќа, слонот се повлекол кога се приближило друго туристичко возило и почнало да свири...

Ова е застрашувачкиот момент кога слон од три тони напаѓа туристи на сафари во Шри Ланка. Не толку нежниот џин се нафрлил врз туристичкиот комби, силно го нишал додека преплашеното семејство се обидувало да избега.

Слонот потоа ја откорнал вратата со сурлата и ја турнал во комбито, барајќи уште овошје што туристите претходно му го понудиле. Целиот инцидент се случил откако, како што објави „The Sun“, руски турист понудил храна на диво животно.


Додека слонот го распарчувал возилото, двајца членови на семејството избегале во паника од другата страна на комбито, плашејќи се за своите животи. За среќа, слонот се повлекол кога се приближило друго туристичко возило, кое почнало да свири. Во позадина се слушнал и предупредувачки истрел.

И покрај значителната штета на изнајменото „Сузуки“, семејството успеало да го напушти местото на настанот. Шокираната руска туристка Лилија Михајловскаја (43) рекла дека таа и нејзиното семејство „за малку ќе ги изгубеле животите“.

„Возевме кон еден слон, еден див слон. Никогаш нема да го заборавиме ова патување во Шри Ланка“, рекла таа.


„Само неколку минути претходно го снимав видеото, сосема несвесна дека слаткиот момент на хранење ќе се претвори во таков хаос. Ете, тоа е уште една фобија додадена на колекцијата. Нашиот син трчаше бос по патот, а автомобилот остана без врата. Слон може да ве згази во секој момент. Секако не очекувавме ваков крај“, раскажала таа.

За среќа, никој не бил повреден во нападот.

„Не сакаме повеќе да гледаме слонови! Ти благодариме, Господе, живи сме!“, додала таа.