[ВИДЕО] Киев под опсада: воздушна тревога повеќе од четири часа

Макфакс

26/01/2026

21:12

460

Големина на фонт

а а а

Во Киев, воздушната тревога денеска траеше повеќе од четири часа, поради заканата од нови руски беспилотни летала, објавија Воздухопловните сили на Украина, пренесуваат агенциите.

Според украинските воздухопловни сили, руски беспилотни летала биле откриени во текот на денот како се приближуваат кон Киев од неколку насоки, што довело до продолжување на тревогата во главниот град.

Како што беше објавено во 18:06 часот, регистрирана е нова група беспилотни летала што се движела кон Киев од југ, според Воздухопловните сили на Украина.

Податоците од платформата „Alerts.in.UA“, која ги следи и мапира воздушните тревоги низ целата земја, покажаа дека тревогата била активна во Киев и пошироката област подолго време, што укажува на континуирана закана од воздух.

Поради продолжената воздушна тревога, сообраќајот на црвената линија на киевското метро беше делумно прекинат, објавија градските власти.

Украинските власти ги повикаа граѓаните да ги следат безбедносните упатства и да останат во засолништа додека трае опасноста.