Баерн Минхен беше шокиран на домашен терен и го претрпе првиот пораз во тековната сезона во Бундеслигата, и тоа во дуелот со Аугзбург на кој важеше како апсолутен фаворит.
Иако шампионот поведе во првиот дел и се чинеше дека ќе има полесна задача со аутсајдерот, играчите на Компани не останаа на висина на задачата и примија два гола во вториот дел, а со тоа беше режирана сензација која никој не ја очекуваше.
Manuel Neuer's first touch 🐐
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 24, 2026
🎥 @archiert1
pic.twitter.com/4fG3n7IEYv
Овој пораз значи дека Баерн не може да брка титула без претрпен пораз во една натпреварувачка сезона, а во дадената ситуација не помогна ниту искуството на Мануел Нојер кој се најде во центарот на вниманието за време на загревањето.
Човекот кој ја редефинираше голманската позиција низ текот на годините се уште брани на највисоко можно ниво, па иако има режирано безброј лудории во кариерата, дури и на 39-години го распамети познатиот новинар на „ЕСПН“, Арчи Ринд.
– Молам???? Го видовте ли ова????, – запраша Арчи додека одеше програмата во живо.








