Холандскиот принц Бернхард од династијата Оранж-Насау и неговата сопруга Анет решија да го прекинат својот брак и да се разведат.
Принцот Бернхард и принцезата Анет од холандското кралско семејство и династијата Оранже-Насау неодамна ја објавија тажната вест дека по 25 години брак, решиле да се разведат.
„Ова го правиме по меѓусебен договор и со меѓусебно почитување“, потврдија тие во заедничка изјава објавена од Кралскиот дом на Холандија, во која истакнаа дека ќе продолжат заедно да ги одгледуваат своите три деца: Изабела, Самуел и Бенџамин ван Воленховен и побараа приватност во иднина.

Член на холандското кралско семејство, принцот Бернхард е втор син на принцезата Маргарет од Холандија и нејзиниот сопруг Питер ван Валенховен.
Сепак, откако неговиот братучед, кралот Вилијам-Александар, се искачи на тронот во 2013 година, принцот Бернхард повеќе не е во директната линија на наследување.
Според веста на холандската телевизија „NOS“, по разводот од принцот Бернхард, Анет повеќе нема да ја носи титулата принцеза.
Љубовната приказна на принцот Берхард и принцезата Анет
Принцот Берхард и принцезата Анет се запознале на Универзитетот во Гронинген во 90-тите.
Тие се вериле на 11 март 2000 година.
Во јули истата година, тие одлучиле да се венчаат, а церемонијата ја водел градоначалничката на Утрехт, Ани Брауер-Корф.

Два дена подоцна, принцот Берхард и принцезата Анет се венчале во катедралата „Свети Мартин“ во Утрехт.
Две години по нивната венчавка, принцот Берхард и принцезата Анет ја добија ќерката Изабела во 2002 година, додека синовите Самуел и Бенџамин се родиле во 2004 и 2008 година.
Според официјалната веб-страница на Кралската куќа на Холандија, принцот Берхард е самовработен претприемач и многу ретко учествува во кралските должности.
Принцезата Анет е членка на Советодавниот совет на Фондацијата Папагено и соработувала со Фондацијата Белевенис.











