Тврдењата на Доналд Трамп дека британските војници не биле на првите линии во Авганистан предизвикаа негодување во Велика Британија, а премиерот Кир Стармер ги нарече „навредливи и искрено ужасни“.
Ветераните, нивните семејства и политичарите од сите партии ги осудија коментарите на американскиот претседател, а мајката на еден од најтешко повредените војници ги опиша како „крајна навреда“, објави Скај њуз.
Во интервју за Фокс њуз во Давос, Трамп ги повтори своите критики кон сојузниците на НАТО, доведувајќи ја во прашање нивната сигурност.
„Никогаш не ни биле потребни. Ќе кажат дека испратиле некои војници во Авганистан… и навистина, останаа малку во позадина, малку подалеку од првите линии“, рече тој.
„Во Авганистан беа убиени 457 војници, а стотици беа ранети“
„Ги сметам коментарите на претседателот Трамп за навредливи и искрено, ужасни“. Тој додаде дека не е изненаден што тие „предизвикале толку многу болка на најблиските на оние што биле убиени или повредени“ и дека „сигурно би се извинил“ ако беше на местото на Трамп, изјави британскиот премиер попладнево.
Даунинг стрит изјави дека Трамп „погрешил“ што ја омаловажувал улогата на британските војници, посочувајќи дека тие служеле заедно со американските сили во „продолжени борбени операции“. Портпаролот на премиерот потсети на 457-те убиени британски војници и „стотици“ ранети, додавајќи: „Неверојатно сме горди на нашите вооружени сили и нивната служба и жртва никогаш нема да бидат заборавени“.
The US has the most disgusting, deceitful, narcissistic, and corrupt president of all time:
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) January 22, 2026
"We never needed NATO," Trump declared.
"We never asked anything of them. You know, they say they sent troops to Afghanistan, and they did. But they stayed back a little, a little… pic.twitter.com/lpXqQiwIBq
Политичарите од различни партии се придружија на осудите. Министерот за одбрана во сенка, Џон Хили, нагласи: „Член 5 од НАТО е активиран само еднаш. Велика Британија и нејзините сојузници во НАТО одговорија на повикот на САД. И повеќе од 450 британски лица ги загубија животите во Авганистан“. Лидерот на либералните демократи, Сер Ед Дејви, истакна: „Трамп пет пати избегнал воена служба. Како се осмелува да ја доведува во прашање нивната жртва“.
Контекст и факти
Авганистан е единствениот конфликт во кој е активиран Член 5 на НАТО за колективна одбрана, а беше активиран од САД по нападите на 11 септември. 2.461 американски војник загинаа за време на војната, додека сојузниците, вклучувајќи ја и Велика Британија, претрпеа 1.160 смртни случаи, што претставува околу една третина од вкупните жртви на коалицијата. Британските сили водеа тешки битки во градови како Сангин, Муса Кала и Над Али.
За разлика од искуствата на војниците на терен, Доналд Трамп пет пати избегна регрутација за Виетнамската војна, четири пати поради студентскиот статус и петти пат затоа што имаше лекарско уверение.
Поранешниот британски амбасадор во Авганистан, Сер Николас Кеј, за Скај њуз изјави дека американскиот претседател „греши“ и „очигледно не го цени и почитува НАТО на начинот на кој треба“.
















