Посетителите на плажата во британскиот град Истборн биле запрепастени од глетката што неодамна ја затекнале и веднаш ги известиле властите за сè.
„Никогаш не сум видел нешто слично. Беше малку лудо“, изјавил еден од сведоците за локалните медиуми.
Мештаните во акција
Фотографиите објавени на социјалните мрежи откриваат дека брегот бил прекриен со сиров помфрит, а на самото место биле забележани и бројни пластични кеси.
Властите претпоставуваат дека помфритот потекнува од 20 бродски контејнери што паднале во морето по неодамнешната бура во Ламанш.
Мештаните веднаш организирале акција за чистење, а Триша Барос им раскажала на медиумите дека таа и нејзиниот сопруг отстраниле куп отпад.
Грижа за екосистемот
Особена загриженост била изразена поради животните што го посетуваат овој дел од брегот, пренесе „Кронен Цајтунг“.

„Сè што завршува тука, храна, пластика или нешто друго, може да биде отровно за животните. Се плашам дека ова би можело сериозно да влијае на локалниот екосистем“, изјавила Барос.
Голем ризик
Експертите предупредуваат дека распаѓањето на фрлените производи може да го оштети квалитетот на водата, што доведува до намалување на кислородот, со што се загрозуваат рибите, раковите и другите организми.

„Фрлената храна, особено онаа богата со скроб, може да предизвика ферментација во цревата на животните, што доведува до дијареја, повраќање, дехидратација и надуеност“, нагласил Тревор Викс од организацијата „East Sussex Wildlife Rescue and Ambulance Service“.
















