Прегазено 19-годишно девојче од Скопско: Со тешки повреди пренесенo на Клиника

Макфакс

22/01/2026

13:28

273

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с.Арачиново, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.