Ѓоковиќ имаше нов полесен тренинг во второто коло, па даде хит изјава за својот син Стефан

Дерби

22/01/2026

11:55

171

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ имаше нов полесен тренинг во втората рунда на Аустралијан Опен, а симболично е тоа што Србинот го совлада новиот ривал со идентичен резултат како во првото коло.

По Педро Мартинез, убедлив пораз од 3:0 во сетови претрпе и младиот Италијанец Франческо Маестрели, и тоа во попладневниот термин во Мелбурн парк.

Иако овие услови во пракса не требаше да му прилегаат на Ноле, Србинот не наиде на никаков проблем и имаше лесна задача, па со убедливи 6:3, 6:2 и 6:2 фуриозно дојде до третата рунда на првиот грен слем во годината.

Ѓоковиќ повторно одлично се движеше и играше поагресивен тенис од вообичаеното, па со навистина позитивни импресии влегува во треото коло во кое за ривал ќе го има Ботик Ван Ден Зандсхулп.

Оваа година Новак и натаму има огромна поддршка од српската дијаспора во Австралија, но за разлика од минатите години, не е опкружен од неговите најголеми фанови, односно неговите деца Стефан и Тара.

– Ова се рани утрински часови кај мене дома и моите деца апсолутно не ме гледаат. Сега спијат, имаат многу поважни приоритети како што се школото и домашните задачи. Никогаш не сум имал поголема поддршка од мојата сопруга и децата, освен од моите родители и браќата.

– Отсекогаш имав желба моите деца да пораснат доволно добро за да видат што прави нивниот татко, почестен сум што ме гледаат во последните неколку години, но сега си имаат свои задачи. Мојот син Стефан сакаше да дојде, сакаше да направи се за да избегне одење во школо, но тоа е разбирливо. Го сака тенисот, но и својот татко. Тоа што не се тука ги прави работите поинакви, но тие секогаш се во моето срце, – вели Ѓоковиќ.