Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, е една од патничките кои се приклучија на патувањето на Антарктикот што го организира хрватскиот авантурист Кристијан Иличиќ.
Иличиќ со екипата веќе пристигна на својот седми континент, а сега на својот профил на Фејсбук сподели снимка од Колинда Грабар-Китаровиќ која одлучила да скокне во леденото море.
„Колинда Грабар-Китаровиќ денес покажа како изгледа вистински поларен карактер. ‘Polar Plunge’ на Антарктикот, ледено море, минус што навлегува во коските и насмевка што кажува сè. Не се скока секој ден на најстудениот континент во светот. Ова е момент што се памети цел живот“, напиша Иличиќ во описот на објавата.

Покрај Грабар-Китаровиќ, на патувањето се приклучи и бројна екипа, па сите капацитети за оваа експедиција биле распродадени во рекорден рок. Иличиќ претходно наведе дека е горд што на оваа експедиција има луѓе кои ја разбираат тежината и вредноста на ваквото патување.
Како што тврди, Антарктикот не избира случајно, туку ги избира оние кои се подготвени да излезат од зоната на комфор.






