Префинетиот стан „The One Acropolis“ комбинира едноставен поглед кон Акропол со чувство на апсолутен луксуз.
Атина, градот којшто е комбинација на древната цивилизација со модерната елеганција е уште поистакнат низ прозорецот од луксузниот апартман со поглед кон Акропол.
Во срцето на центарот на Атина, становите во „The One Acropolis“ зградата се дизајнирани на станарите да им обезбедат удобност на хотелски апартман.

Во овој посебен стан со поглед кон Акропол којшто го одзема здивот, се чувствува луксузот којшто се сретнува со влијанието од минатото, создавајќи магична комбинација која ќе ве остави без здив.
Неговите софистицирани простори кои се капат во природното светло нудат „дом далеку од дома“ којшто е комбинација на елеганција и удобност. Модерниот мебел, мермерските и дрвени површини создаваат опкружување кое ги прегрнува гостите со топлина и луксуз.
Станот има две одвоени простории во кои се наоѓа дневна соба, кујна и трпезарија, два големи кревети, два ормани и простран мермерен тоалет со две лавабоа, тушеви и џакузи со поглед кон Акропол.

Отворањето на лизгачките стаклени врати на пространата тераса со мермерниот под даваат неверојатен поглед кон Акропол, брдото Ликабет, храмот на Зевс и Националната градина.




















