[ВИДЕО] Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Макфакс

21/01/2026

08:07

727

Големина на фонт

а а а

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.

Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.

САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.