[ВИДЕО] Џеј Ло на мета на критики поради безобразното однесување кон снимателот: „Верувам во секој трач што сум го слушнала за неа“

Точка

16/01/2026

13:28

806

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Џенифер Лопез предизвика реакции кај корисниците на социјалните мрежи откако, според нивно мислење, била некултурна кон снимателот Кол Волисер на доделувањето на Златните глобуси во Лос Анџелес.

Тој бил задолжен за глембот камерата, а кога се појавила Џеј Ло кратко се поздравиле, а потоа ѝ објаснил како треба да позира.


„Мило ми е што те гледам повторно. Изгледаш прекрасно. Застани на ѕвездата, да, тука“, ѝ рекол тој. Потоа ја прашал дали има идеја за некој потег или само ќе погледне во камерата и ќе позира или ќе се заврти.

Џенифер Лопез не му одговорила на ова прашање, туку се свртела и позирала. Потоа тој ѝ објаснил како ќе ја снима камерата и рекол: „3, 2, 1, акција“.


Пејачката позирала, а тој ѝ упатил комплименти: „Доминираше како и обично. Благодарам многу. Благодарам, луѓе“. Пејачката само мавнала и продолжила да оди понатаму без да каже ниту еден збор, а многумина сметаат дека го игнорирала и ѝ упатија критики.

„Воопшто не му се обрати“, „Дали беше безобразна или само беше своја?“, „Нема насмевка? Нема поздрав? Ништо?“, „Верувам во секој трач што сум го слушнала за неа“, се некои од коментарите под видеото објавено на ТикТок.