Подолго време и се заканувал на 38-годишна жена: Уапсен охриѓанец

Макфакс

16/01/2026

11:56

213

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители“ го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид.

Полицијата како што е соопштено постапила по претходна пријава дека тој подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.