[ФОТО] Жена платила џемпер 8 евра, но етикетата ја открила неговата вистинска вредност

Точка

16/01/2026

07:44

1.667

Големина на фонт

а а а

Една жена купила кашмирски џемпер за осум евра во продавница за половна облека, а дури подоцна сфатила дека вреди многу повеќе. Таа го споделила своето откритие на социјалните мрежи.

Етикета што променила сè

Изобел Милингтон, која живее во Берлин, често го посетува својот роден град во Италија и редовно оди во посета на локална продавница за половна стока, но не открила каде точно се наоѓа. За време на една посета, купила кашмирски џемпер за осум евра. Вели дека го обожава кашмирот, па затоа не размислувала многу околу купувањето.


„Всушност, ја погледнав етикетата дури кога се вратив дома и коментирав со татко ми колку е квалитетен џемперот“, рекла таа. На етикетата пишувало „Брора“, па таа го побарала брендот на Гугл и открила дека нов, сличен модел се продава за околу 330 евра.

„Кога ги видов цените на официјалната веб-страница, бев тотално воодушевена. Потоа го најдов најблискиот модел до оној што го купив и не можев да поверувам. Тато и јас се израдувавме, а потоа ја повикавме мама и таа да го провери – секако, таа направи своја мини-истрага за да потврди“, раскажала Италијанката.


Воодушевување и малку семејна љубомора

Таа веднаш го споделила своето воодушевување со своите пријатели, а потоа и на ТикТок, каде што видеото собрало повеќе од 112.000 прегледи.

„Прво им испратив порака до сите мои пријателки кои сакаат половни работи за да се пофалам. Сестра ми беше љубоморна, но тоа не е важно – таа секогаш ги добива најдобрите работи во таа продавница. Овој пат беше мој ред“, раскажала Милингтон.


Џемперот не е на продажба

Иако некој можеби би се обидел да го препродаде, Милингтон рекла дека нема намера да го стори тоа.

„Апсолутно немам намера да го продадам. Ќе го чувам засекогаш – и ако некогаш се истроши, ќе го зачувам на парчиња како спомен. Но, искрено, вака добар кашмир веројатно ќе трае со години“, заклучила таа.

Додала дека планира наскоро да ја посети истата продавница за половна стока – во потрага по ново откритие.