Џо Кол најдобрите изданиија во неговата кариера ги имаше во редовите на Челси, клуб во кој се задржа седум години, период во кој клубот освои три премиерлигашки титули, неколку лига и ФА трофеи, а загуби и финале во Лигата на шампионите.
И денеска Челси му е многу драг на Кол кој дефинитивно сака овој тим да биде сила, да може да се бори за самиот врв во ПЛ и да биде максимално конкурентен во елитното натпреварување.
Меѓутоа за да се случи тоа премиерлигашот ќе мора да ја промени трансфер политиката, поточно Кол советува да се бараат искусни победнички играчи, а како место за тоа го посочи ПСЖ и Арсенал.
- Потребни ви се искусни победнички играчи во тимот. Би го гледал составот на ПСЖ, кој мислам дека е пренатрупан. Играчи кои разбираат што е победа и знаат како и што значи да се триумфира.
- Не мислам дека Арсенал ќе може да ги држи сите свои играчи, одредени играчи таму ќе бидат достапни на крајот од сезоната, - смета некогашниот англиски репрезентативец.








