Росениор ги запозна слабите страни на Челси, Арсенал го доби возбудливото полуфинално дерби

Дерби

15/01/2026

08:10

243

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја доби првата од двете закажни епизоди против Челси во полуфиналето на Карабао Купот, па ќе стартува со предност на реваншот кој се игра на „Емирејтс“ на почетокот на месец февруари.

Гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ тргна според планот за гостите од самиот старт, бидејќи „топчиите“ поведоа со својот специјалитет од корнер уште во 7-та минута.

Бен Вајт беше најснаодлив и ја искористи лошата реакција во одбраната на Челси, а новиот менаџер Лиам Росениор многу брзо ги запозна и слабите страни на тимот во кој дебитираше со победа пред неколку дена.

Новиот предводник на „сините“ можеше да се увери дека Арсенал е поконретен и подиректен во најдобар дел од мечот, па тоа направи гостите да водат и со 0:2 на стартот на вториот дел.

Виктор Ѓокереш биеше на празна мрежа и не можеше да погреши, а дури внесувањето во игра на Гарначо внесе мала раздвиженост во нападот на Челси.

Аргентинецот позитивно влијаеше врз играта на својот тим и брзо погоди за 1:2, меѓутоа Арсенал не попушти и повторно имаше два гола позитивна по интелигентната реализација на Зубименди.

Во финишот, Гарначо со вториот гол внесе нова голема неизвесност, но резултатот не се менуваше до крајот и првото полуфинални дерби заврши 2:3.