Еден неименуван Холанѓанец доживеал необичен и застрашувачки момент, кога секојдневната рутина – следењето на птиците на надворешната хранилка – прераснала во нешто неочекувано.
Луѓето обично поставуваат камери околу своите домови за да се заштитат. Главниот јунак на оваа приказна го направил тоа од сосема други причини, не насетувајќи какво изненадување го очекува.
Сè е само случајност?
Корисникот на Редит го сподели своето искуство и откри што детектирал неговиот систем за хранење птици. На објавената снимка времето е означено 8:08 наутро, а тој напиша:
„Мојата апликација за хранилката за птици ми испрати известување: ’Откриен човечки облик‘. Од десната страна изгледа како да има нечие лице“.
На снимката, забележана во југоисточниот дел од земјата, јасно се гледа птица на хранилката (во ноќен режим на снимање). Корисникот „@casperlakes“ објасни дека апликацијата никогаш претходно не пријавувала „човечко присуство“, но дека подоцна добил уште неколку слични известувања.
My bird feeder app gave me a notification that said "Human body detected." There's what appears to be a disembodied face to the right
byu/casperslakes inWeird
„Оттогаш, за жал, не сум го видел ’лебдечкото лице‘. Мислам дека птицата го активирала сензорот, а ’лицето‘ беше само морничава случајност“, додал тој.
„Нема ништо необично“
Корисниците на Редит беа запрепастени, но заклучија дека станува збор за оптичка илузија, пренесе „Unilad“.
Еден напиша: „Боже, изгледа страшно … тоа лице од лисјата“, а друг се надоврза: „Го гледам, но така изгледаат гранките на тоа место“.
Друг корисник напиша: „Нема ништо необично. Но, ако добиев такво известување, веројатно ќе се преплашев“.
Експертите за оптички илузии би рекле дека станува збор за пареидолија – феномен при кој човечкиот мозок постојано бара лица во предмети и пејзажи.
На крај, вреди да се спомене и прашањето на една збунета личност, која напиша: „Зошто, по ѓаволите, апликацијата за хранилка за птици воопшто има известување за толку специфична работа?“










