Муцунски на проштална средба со амбасадорката Агелер

Макфакс

12/01/2026

13:40

329

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека денеска остварил проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Како што наведе Муцунски, на средбата изразил благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.

🇲🇰 🇺🇸 Проштална средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на...

Posted by Timco Mucunski on Monday, January 12, 2026

На средбата било изразено заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.

Муцунски информираше дека биле разменети и мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што била потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.