[ФОТО] Пронајдена ретка неексплодирана граната од Првата светска војна во Богданци

Макфакс

09/01/2026

18:22

286

Големина на фонт

а а а

Денеска е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци, во индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС).

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Првата светска војна.



По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.