Газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули се пријави во затворот „Идризово“ за да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус.
Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Директорот на „Идризово“ Зоран Јовановски потврди за СДК.МК дека Белули е в затвор.

На 1 декември 2025, Белули кој требаше да тој ден влезе в затвор, доби уште едно во бесконечната серија одложувања на затворската казна, зашто што тогаш требало ќе го оперира вториот тестис, откако првата операција на кила на тестис ја правел во октомври 2025. Извршувањето на казната беше одложено до 17 декември 2025.









