Марота не исклучува интересна размена на играчи во „операцијата Кансело“

Дерби

05/01/2026

11:14

296

Големина на фонт

а а а

Интер ја победи Болоња и се врати на првото место на табелата во Серија А, но во период кога доста популарни се темите поврзани за трансфер пазарот, оперативецот Бепе Марота даде искрена изјава и за операцијата која стана доста актуелна во јавноста.

Жоао Кансело бара излез од Саудиска Арабија и е цврсто решен да се врати во Европа, а една од опциите за трансфер дефинитивно е европскиот вицешампион Интер.

„Нераѕурите“ се во потрага по десен бек поради тешката повреда на Дамфрис, ситуација која направи Марота да бара привремен дефанзивец кој ќе може да покрие на таа позиција до крајот на сезоната.

– Немавме посебна потреба за потписи, особено во период кога ви се нудат малку можности. Сепак, Дамфрис ќе биде во аут со месеци, па затоа бараме да видиме дали има играч кој може да понуди ист квалитет. Ни се претстави можност со Кансело, ја разгледуваме истата и се наоѓаме во средна фаза на преговорите. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во следните неколку дена.

– Кансело има многу тежок договор и ниту еден италијански клуб не може да го покрие целосно. Знаеме дека тие бараат централен дефанзивец, па кога преговорите ќе влезат во поконкретна фаза, ќе разговараме и за можна размена, – изјави Марота, алудирајќи дека во спротивен правец може да замине Франциско Ачерби.

Кансело е под договор со Ал Хилал, а бидејќи тренер на тимот е Симоне Инѕаги, се отвора можност за Ачерби да има нова соработка со омилениот стручњак.