Симеоне за големата криза на најдобриот играч на Атлетико: Ќе се појави во вистински момент

Дерби

05/01/2026

11:11

256

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид ремизираше со Реал Сосиедад на гостувањето во Сан Себастијан и станува се поизвесно дека не може да го следи чекорот на Барселона и Реал Мадрид, но посебно загрижувачка за фановите на „душекџиите“ е формата на најголемата ѕвезда.

Хулијан Алварез е далеку од посакуваната голгетерска форма и има голем пост во шпанската Ла Лига, па вчера навршија повеќе од два месеци кога последен пат стрелаше во Примера.

Аргентинецот последниот гол за Атлетико во домашното првенство го постигна на 1-ви ноември против Севилја, а откако врза и осми меч без постигнат гол, новинарите го прашаа Чоло дали има бесконечна доверба во својот сонародник.

– Хулијан е играч кој ни даде премногу откако дојде кај нас и сега кога не дава голови, се бара мотив за да се истакнат неговите бројки.

– Се додека трча, се додека игра со ист интензитет како секогаш, постојано ќе биде во мојот тим. Тој е најдобриот играч кој го имаме и сигурен сум дека ќе дојде неговиот момент. Тој ќе се појави тогаш кога ќе биде најважно, – изјави Симеоне.