Чаби го издвои најимпресивниот податок од дербито со Бетис: За мене тоа е неверојатно добро

Дерби

05/01/2026

11:10

199

Големина на фонт

а а а

Гонзало Гарсија ги дочека своите „пет минути“ слава на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи младиот напаѓач на Реал одигра меч од соништата пред своите гледачи на дерби пресметката против Бетис која се одигра вчера.

Во отсуство на Килијан Мбапе, Гонзало доби шанса и запиша импресивен хет-трик, но начинот на кој покажа различни квалитети при постигнувањето на головите ја направи неговата партија уште поневеројатна.

Чаби Алонсо како тренер на Реал не делеше комплименти за Гарсија, меѓутоа не пропушти да нагласи дека сите пет гола во победата од 5:1 биле постигнати од играчи кои се производ на фудбалската Академија на Реал.

Покрај Гарсија, во листата на стрелците се запишаа и Фран Гарсија и Раул Асенсио, па ова го натера Чаби да ја пофали работата на сите кои доаѓаат од фудбалската школа.

– Очигледно е дека Гонзало го одигра мечот од соништата. Постигна три гола на „Бернабеу“ во првата година со нас. Имаше голема желба да постигне гол тука и многу сум среќен за него. Тој е пример за тоа како треба да се однесува еден младинец, му испраќам големи честитки за претставата и го охрабрувам да биде уште подобар.

– За мене неверојатен е податокот кој вели дека сите пет голови беа постигнати од младинци на Реал, тоа е добра вест за извонредната работа која се прави во Академијата. Играчите кои доаѓаат од Академијата секогаш одговараат какошто треба, – изјави Алонсо.