Партизан се ослободи од најголемиот бунтовник, Фенербахче договори топ засилување

Дерби

05/01/2026

10:51

192

Големина на фонт

а а а

Партизан се обидува да тргне по нов пат по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, па така веќе се направени некои потези, доведен е нов тренер во искусниот Жоан Пењароја, а беше ангажиран и плејмејкерот со големо НБА искуство Камерон Пејн.

Меѓутоа „црно-белите“ се обидуваат да направат уште промени во играчкиот кадар и како што стојат работите конечно ќе се ослободат од играчот кој важеше за најголем бунтовник и во последно време влезе и во клинч со навивачите-тоа е Тајрик Џонс.

Според информациите на „Еurohoop“, центарот заминува во редовите на Олимпијакос. Грчкиот клуб успеал да се разбере со Партизан и Џонс се сели во Пиреја каде ќе биде опција плус во борбата под обрачите.

Партизан наводно веќе и има подготвено замена за Тајрик, а тоа е Тони Џекири кој до неодамна настапуваше за ЦСКА Москва.

Кога се во прашање евролигашите, актуелниот европски првак Фенербахче договори уште едно квалитетно име, плејмејкерот Нандо Де Коло. Искусниот Де Коло си заминува од Асвел и доаѓа одново во Истанбул, во тим кој може да ја нападне титулата.

Претходно Фенер го договори и некогашниот член на Мајами Хит, Крис Сива кој ги покрива позициите четири и пет.