Актуелниот НБА шампион, Оклахома сити Тандер, го забележа шестиот пораз во сезоната. Тандер во последната секунда, со тројка ги сруши Девин Букер.
Феникс Санс славеа во дуелот со Оклахома 108:105. Букер натпреварот го заврши со 24 поени. Дав поени повеќе постигна Гудвин, кој беше најефикасен играч на натпреварот.
Кај Оклахома се истакнаа Шеј Гилџис-Александер со 25 и Џејлен Вилијамс со 25 поени.
ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Мемфис Гризлис со 120:114. Блескаше Лука Дончиќ со 36 поени, девет скока и осум асистенции. Поддрша доби од ветеранот Леброн Џејмс (26 поени).
Во последниот натпревар од вечерта, Милвоки Бакс славеа победа во Сакраменто 115:98





