Две вработени во спортска обложувалница од Струга, на возраст од 43 и 48 години, се соочуваат со кривична пријава откако на полицијата пријавиле наводно разбојништво во нивниот објект.
Според истрагата, на 30 декември 2025 година, двете жени пријавиле дека во обложувалницата влегло машко лице со пиштол и ги принудило да му ги предадат парите од дневниот промет. По наводниот напад, лицето избегало.
Сепак, полицијата утврдила дека пријавата е лажна и дека двете жени, по меѓусебен договор, сами измислиле сценариото за да прибават корист. Сега се соочуваат со обвиненија за „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.







